Фотографија од ногата на Мбапе стана вирална: Како е можно ова да не е црвен картон?
Реал загуби дома со 1:2 од Баерн во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Голот за шпанскиот тим го постигна Килијан Мбапе во 74-та минута. Три минути пред Мбапе да постигне гол, тој беше жртва на груб старт.
Дефанзивецот на Баерн, Џонатан Тах, го згази одзади над глуждот на десната нога и го турна со двете раце. За тоа, судијата Мајкл Оливер го казни со жолт картон. Навивачите, играчите и тренерот на Реал се бесни поради таквата одлука. Сликите од грубиот старт на Тах врз Мбапе, а особено сцената од тоа како изгледаше неговата нога потоа, станаа вирални на социјалните мрежи.
Алваро Арбелоа на прес-конференцијата рече: „Зошто судијата не го виде црвениот картон на Мбапе?“ Марка пишува за тоа: „Одлуката на судијата Оливер да го казни Тах само со жолт картон за опасен старт врз Мбапе оправдано предизвика гнев“.
sportmedia.mk



