Уште денес и утре, понеделник 16-ти март, ќе имаме пролетно време
Метео анализа на Славчо Попоски:
До крајот на денешниот ден недела 15-ти март 2026 и утре понеделник 16-ти март 2026 во Македонија останува претежно сончево времето со појава на мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Сепак, во попладневните часови ќе имаме малку повеќе облачност и ќе има услови за појава на слаб локален дожд.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со појава на мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Температурите остануваат претежно пролетни и тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 18 степени.



