УХМР со метео аларм: Денес силен ветер со брзина од над 70 километри на час
Од УХМР синоќа преку социјалните мрежи најавија дека во текот на ноќта и денеска во текот на денот ќе дува ветер со силен интензитет.
Според објавата, денеска во текот на денот ќе дува ветер со засилен до силен интензитет и локално ќе надминува брзина од 70 km/h.
Од УХМР споделија и мапа со визуелен приказ во кои делови од државата најмногу може да се очекува ваква временска појава.




