Македонија

Утре стигнуваат Чесите и Словенците да ни помогнат за гаснење на пожарите 

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска попладне изјави дека Република Чешка испратила официјална понуда за помош во справувањето со активните пожари на територијата на Македонија.

Помошта вклучува хеликоптер од типот „Блекхок“, кој веќе утре ќе полета и се очекува да пристигне во текот на денот.

„Понудата од Чешка ја прифативме веднаш“, рече Ангелов.

Дополнително, Македонија добила и понуда од Словенија за ангажирање на 50 професионални пожарникари, придружени со специјализирани возила за гасење шумски пожари.

„Словенечката екипа ќе тргне утре околу пладне и се очекува да пристигне во вечерните часови. Ќе бидат сместени во Берово, каде ќе се приклучат на напорите за справување со пожарите на планината Готен и ќе им дадат поддршка на локалните сили“, додаде Ангелов. 

И во регионот има пожари. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons