Уништена таблата со името на паркот „Украина“ во Чаир
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу го осуди вандалскиот чин врз таблата со името парк „Украина“.
Непознати сторители со црвен спреј ја уништиле таблата на паркот, а случајот во полицијата го пријавил градоначалникот Ганиу.
– Сметаме дека ова е исклучително низок чин кон мирољубива вредност како што е паркот „Украина“ што го промовиравме пред неколку недели, кажа Ганиу.