УАПСЕН ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ НА ЗОРАН ЗАЕВ ПОРАДИ ПОДМЕТНУВАЊЕ НА ПОЖАР КАЈ БРАНАТА ВОДОЧА?
Според неофицијални информации до кои дојде порталот Струмица Денес, уапсено е лицето А.Н за кое се тврди дека бил телохранител на поранешниот премиер Зоран Заев, поради основано сомнение дека намерно подметнал пожар во атарот на брана Водоча, кај Струмица.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека во текот на денешниот ден ќе излезат со официјални информации и повеќе детали за случајот.
Извор: strumicadenes.mk