Актуелно

Уапсен директорот на Комунална хигиена

Основното јавно обвинителство Скопје објави дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик.

Единицата за Економски криминал при МВР попладнево одзема дополнителна документација и лиши од слобода две лица кои ги сомничи за состојбите со непостапувањето во врска со ѓубрето во Скопје. Попладнево се очекува приведените да заработат кривична пријава пред ЈО.

По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази, кратко информираат од Обвинителството.
Сабахaдин Рустеми беше поставен за директор на „Комунална хигиена“ на 29.1.2025 година како дел од коалицијата на градоначалничката Данела Арсовска и ДУИ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons