Тропскиот рај Вануату погоден од разорен земјотрес од 7,4 степени според Рихтер
Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на Порт Вила, главниот град на Вануату.
Во земјотресот беа оштетени згради и друга инфраструктура.
Според Геолошкиот институт на САД (USGS), земјотресот се случил во 12:47 часот по локално време на длабочина од десет километри.
Земјотресот накратко предизвика предупредување за цунами за делови од островската држава на Тихиот Океан, но властите во 14:14 часот по локално време објавија дека заканата поминала.
Бројот на жртвите се уште не е познат.
Снимките на социјалните мрежи покажуваат урнати згради, автомобили погодени од плочи кои паѓаат и мебел расфрлан по катови во домовите.