МакедонијаНајново

Три нови електронски услуги во областа на високото образование

Образец за дипломирани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи, образец за лица кои се стекнале со назив магистер специјалист и образец за лица доктори на науки кои одбраниле докторски труд. Ова се трите нови електронски услуги во областа на високото образование кои се достапни на националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk.

„Овие услуги имаатза цел да го поедностават и да го дигитализираат процесот на доставување на статистички податоци за завршени нивоа на високо образование. Со нивното воведување се овозможува побрзо, поефикасно и поедноставно пополнување и доставување на потребните информации, без административни бариери и со значително заштедено време“, беше речено на денешната промоција на услугите на Државниот завод за статистика (ДЗС) во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons