Трамп: Три нуклеарни објекти во Иран се уништени, обновата би траела со години
Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави дека три нуклеарни објекти во Иран се целосно уништени и дека обновата на овие локалитети би траела со години.
„Сите три нуклеарни објекти во Иран се целосно уништени и/или збришани. Би биле потребни години за да се вратат во функција и, доколку Иран сака да го стори тоа, би било многу подобро за нив да почнат одново, на три различни локации, пред и тие локации да бидат уништени, доколку се одлучат за тоа“, рече Трамп на својата мрежа Трут соушл.
Американскиот лидер во повеќе наврати тврдеше дека три клучни ирански нуклеарни објекти биле целосно уништени во американскиот напад од јуни.
Според американски разузнавачки извори, само една од трите гаѓани објекти, Фордоу, претрпела сериозна штета. Според Ен-би-си њуз, нападите погодиле објекти на површината, додека подземните објекти, како што се центрифуги и објекти залихите збогатен ураниум, претрпеле минимална штета или биле преместени пред нападот.
Трамп ги отфрли извештаите како „лажни вести“ и ги обвини медиумите дека го потценуваат успехот на нападот.
Иран потврди значителна штета на објектот во Фордоу, но не издаде официјално соопштение за состојбата на другите објекти.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека е прерано да се процени вкупната штета и дека ќе бидат потребни дополнителни инспекции за да се утврди влијанието на нападот врз иранската нуклеарна програма.