Трамп најавува акција против нелегалните мигранти, ден по инаугурацијата
Администрацијата на Доналд Трамп планира да започне голема имиграциска рација во Чикаго ден по неговото преземање на претседателската функција, објави Волстрит журнал, цитирајќи четири лица запознаени со планот.
Рацијата, која се очекува да започне во вторник, ќе трае цела недела, пишува американскиот весник, додавајќи дека американската служба за имиграција и царина ќе испрати меѓу 100 и 200 службеници за да ја спроведат операцијата.
Највисокиот граничен функционер на претстојната администрација, Том Хоман, рече дека акцијата „ќе започне токму во Чикаго, Илиноис“, објави американскиот весник.
И ако градоначалникот на Чикаго не сака да помогне, може да си замине. „Но, ако нè попречува, ако свесно прикрива илегални имигранти, ќе го гоним“, рече Хоман.
Имиграцијата беше во центарот на кампањата на Трамп пред претседателските избори на 5 ноември.
„Од моментот на мојата инаугурација, ќе ја започнеме најголемата операција за домашна депортација во американската историја“, рече Трамп во јануари 2024 година.