Трамп и Нетанјаху ќе се сретнат следната недела
Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху треба да се сретнат двапати следниот вторник во Вашингтон, еднаш на работна средба, потоа на неформална вечера, пренесе Аксиос.
Работната средба се очекува околу 18 часот по средноевропско време, по што двајцата лидери ќе вечераат со своите сопруги, објави Аксиос, повикувајќи се на неименуван извор.
Состанокот, потврден од нивните влади оваа недела, треба да се одржи во услови на кревок шестнеделен прекин на огнот што донесе привремено затишје во 15 месечните борби меѓу Израел и милитантната група Хамас во Газа.