Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО ДЕТСКА ГРАДИНКА: Едногодишно дете се задушило за време на спиење- ужасен случај ја потресе Германија

Вработените го легнале после јадење, а остатоците од храна му ги блокирале дишните патишта.

Едногодишно момче се задушило на 21-ву јуни додека спиело во евангелистичка градинка во германскиот град Бохум. 

Вработените го легнале после јадење, а остатоците од храна му ги блокирале дишните патишта, пишува списанието Феникс. Негувателките на детето му укажале прва помош, а брзата помош го однела во болница. За жал, лекарите не можеле да му го спасат животот и на 24 јуни констатирале смрт. 

Полицијата и обвинителството покренаа истрага за смртта за да се утврди дали можела да се спречи трагичната смрт на детето, но засега нема индиции за тоа. На обдукцијата во четвртокот, лекарите можеле јасно да ја разјаснат причината за смртта. 

– Процесот сè уште не е завршен бидејќи не се разјаснети сите прашања – рече високиот државен обвинител Андреас Бахман. 

Несреќата предизвика голема тага и шок кај останатите родители и воспитувачи. 

– Сите сме сè уште шокирани и длабоко погодени, рече Хана Преториус, портпаролка на округот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons