Томовски останува во Германија!
Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски ќе ја продолжи кариерата во редовите на Битигхајм кој ќе се натпреварува во Втората Бундеслига.
Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски ќе ја продолжи кариерата во редовите на Битигхајм кој ќе се натпреварува во Втората Бундеслига.
Томовски замина од редовите на Потсдам по крајот на сезоната, на маса имаше повеќе понуди дури и за враќање во мак-ракометот, ама се реши да го прифати повикот од Битигхајм. Овој тим има амбиции експресно да се врати во германската елита, а тоа го потврдува и потписот со македонскиот голман. Договорот на Томовски со клубот е на една сезона, а тој ги сподели првите импресии по потписот.
„Среќен сум и едвај го чекам новиот предизвик со Битигхајм. Имав шанса да играм против овој тим минатата сезона и ги видов квалитетите на тренерот Икер Ромеро. По разговор со него, одликата за мене беше лесна. Целите се исти, а моите и клупските се поклопија. Поради тоа знам дека сум на вистинското место“, изјави Томовски.