Тодороски заминува од Спартак
Според информациите на српските медиуми, македонскиот интернационалецАндреј Тодороски по одличните настапи во дресот на Спартак Суботица ќе се пресели во ТСЦ Бачка Топола.
Како што пренесуваат медиумите, Бачка Топола ќе го откупи договорот на Тодороски за сума од 450.000 евра.
Освен сумата тие успеале да договорат и 20 отсто од следната продажба на напаѓачот.
Сезонава Тодороски на 19 натпревари во дресот на Спартак постигна шест голови, претходно настапуваше во Австрија.