МакедонијаХроника

Тешка сообраќајна несреќа вечерва во Македонија:Три лица загинаа, осум повредени

Вечерва околу 20:55 часот на патот Кичево–Гостивар, помеѓу градот Кичево и селото Трапчин Дол, се случила тешка сообраќајна несреќа во која, според официјалните информации од СВР Охрид, животот го загубиле три лица.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, во несреќата учествувале три возила. Осум лица се повредени и дел од нив се пренесени во болницата во Кичево, а други се транспортирани кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец е целосно во прекин во двата правци за сите видови возила. На терен се присутни голем број екипи на Итната медицинска помош, полицијата и противпожарната служба, а во тек е увид за утврдување на причините за трагичниот настан.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons