Телефонски разговор Бајден-Си, прв од март- од кога и се зголемија тензиите во односите
Претседателите на САД и Кина Џо Бајден и Си Џинпинг го одржаа петтиот телефонски разговор во улога на лидери во четвртокот, откако денеска разговараа повеќе од два часа.
Белата куќа соопшти дека повикот започнал во 8:33 часот и завршил во 10:50 часот, пренесува Си-Ен-Ен. Кинеските државни медиуми, исто така, објавија дека повикот се реализирал, како прва официјална потврда од Пекинг за разговорите меѓу двајцата лидери.
Американските власти најавија дека била предвидена широка агенда, вклучително и дискусија за руската инвазија на Украина, која Кина допрва треба да ја осуди.
Белата куќа посочува дека телефонскиот разговор имал за цел да ги одржи билатералните односи стабилни и покрај зголемените тензии за прашања како руската инвазија на Украина и можната посета на претседателката на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајван.