Магазин

Татјана и во шестата деценија е една од најпосакуваните водителки – овој детаљ сите ги воодушеви

Секогаш насмеана и расположена, водителката привлекува внимание и на ова студено зимско време.

Овој детаљ што го носи Татјана многу Македонки го обожаваат 

Водителката Татјана Стојановска важи за една од најубавите жени од нашите мали екрани и блеска и во шестата деценија од животот.

Татјана во ноември минатата година го прослави својот 50-ти роденден кога исто така со своите фотки ги воодушеви сите.

Но шармантната водителка овој пат можевме да ја видиме во едно малку поинакво издание од она во која ја гледаме најчесто.

Имено, Татјана ги воодушеви сите со фотографиите што ги сподели од едно нејзино патување во Словенија.

Инстаграм/ Татјана Стојановска

Таа најпрво сподели фотографија на која е со својот син Матеј, а многумина коментираа дека блеска и изгледа одлично.

Очигледно дека и нашата позната водителка не можеше да му одолее на овој тренд, а ја носеше со крзнена капа и очила за сонце. Покрај тоа што изгледа убаво и што многу лесно може да се комбинира во различни пригоди, оваа јакна истовремено е и топла и удобна.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons