МакедонијаНајново

Судскиот совет утре ќе одлучува за оставките на двајца судии 

Судиите Мирјана Радевска-Стефкова од Врховниот суд и Зоран Герасимовски од скопска Апелација утре ќе ги образложат оставките пред колегите од Судскиот совет.

На седницата треба да се избере конечно и заменик на Селим Адеми. За дел од правните експерти овој совет треба комплетно да си замине во историјата.

Блупринт-групата за реформи во правосудството смета дека одлуката на членови на  Судскиот совет да поднесат оставки од нивната функција е во добра насока и искрено се надеваат дека и другите членови ќе го следат овој чекор.

Единствен начин за враќање на довербата и зачувување на интегритетот на Судскиот совет, велат оттаму, е избор на нов состав на членови избрани во законска и транспарентна постапка.

„Новите членови на Советот кои ќе бидат избрани од редот на судиите потребно е да бидат судии со интегритет и да поседуваат високи морални и етички квалитети. Особено ја истакнуваме потребата кандидатите за членови кои ги избира Собранието на да доаѓаат од редот на истакнати правници кои имаат докажано долгогодишно искуство во работата, се препознаени во правната професија и за кои не постои никаков основ за сомнеж за нивна политичка или лична поврзаност со сегашни или поранешни носители на јавни и политички функции“, се вели во соопштението до јавноста на Блупринт-групата за реформи во правосудството.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons