Страшни сцени над Скопје – пожарот кај Чучер Сандево не стивнува (Фото)
Пожарот кој беснее на територијата на Општина Чучер Сандево, и покрај интензивните воздушни интервенции, сè уште е надвор од контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Истовремено, додаваат оттаму, нов пожар е регистриран во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во непосредна близина на куќи.

Во текот на денешниот ден, сите расположливи сили и средства – општински служби, физички и правни лица, како и екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување, МВР и ЦУК – беа ангажирани на терен.