Столтенберг: Продолжуваме да ја снабдуваме Украина со тешко оружје
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека членките на Алијансата ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со тешко оружје и системи со долг дострел.
Столтенберг на прес-конференција рече дека очекува членките на самитот на НАТО да се договорат за нов пакет помош за Киев, пренесува Ројтерс.
– Исклучително сме фокусирани на зајакнување на поддршката – рече Столтенберг.
Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО и други земји денеска во Брисел ќе разговараат за важноста од зајакнување на партнерствата, но и за испорака на оружје за Украина, која бара значително зголемување со цел да ги задржи руските војници на истокот на земјата.