МакедонијаНајново

Спомен-обележјето за загинатите во пожарот во Пулс ќе се гради во Стариот парк во Кочани

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ посветено на 63 жртви во пожарот во дискотеката Пулс што се случи на 16 март 2025 година.

Предлогот беше усвоен со 19 гласа за и плод на иницијатива на Здружението „16 март 2025 Кочани“.

Според усвоениот план, спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ ќе биде изградено во Стариот парк, во централното градско подрачје, на локацијата меѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“.

Со оваа одлука на Советот на Општината,  градоначалникот Влатко Грозданов се овластува по брза постапка да формира работно тело, со цел проектот да биде завршен до 16 март годинава кога ќе се наврши една година од трагедијата во дикостеката Пулс во Кочани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons