МакедонијаПолитика

Сотир Лукровски е новиот градоначалник на Карпош!

Драги мои карпошани, сакам да ви се заблагодарам на сите на огромната поддршка  и да ја објавам историската поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, изјави вечерва Лукровски.

Сотир Лукровски е новиот градоначалник на општина Карпош.

-Драги мои карпошани, сакам да ви се заблагодарам на сите на огромната поддршка  и да ја објавам историската поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, изјави вечерва Лукровски.

„Вечерва зборувам со срце полно гордост и благодарност. Во оваа кампања не се борев за функција, се борев за доверба. За секој човек кој веруваше дека чесноста, трудот и вистината повторно можат да победат. Денес не победувам јас, победува Карпош. Победуваат сите оние што не се откажаа од својот град. Оние што секој ден ме запираа на улица и велеа: „Сотир, време е да се смени нешто!“, напиша Лукровски на Фејсбук.

Гледавме, додава тој, како Карпош се бетонизира, како зеленилото исчезнува, како улиците стануваат депонии, а луѓето неми сведоци на неправда.

-Тоа беше реалноста. Но, вечерва, таа реалност завршува. Вечерва започнуваме ново поглавје. Време на ред, визија и работа.
Време кога општината ќе биде сервис за граѓаните, а не алатка за лични интереси. Време кога ќе се слуша секој глас и ќе се гледа секое дело. Нашата програма не е список на ветувања, туку договор со граѓаните. Ќе ја дигитализираме општината.
Ќе ги реконструираме фасадите и лифтовите, вели Лукровски.

Најави нови паркинг места, повеќе зелени зони, а Карпош, како што вели, ќе стане пример за современ, урбан и достоинствен живот.

– Ова не е победа на една партија, ова е победа на сите луѓе што сакаат промени. На тимот, на волонтерите, на младите и на постарите што веруваа. Благодарам што бевте со мене во секој чекор од овој пат. Јас ќе бидам секој ден со вас на улиците, во маалата, кај проблемите, со решенија. Вечерва не славиме крај, туку нов почеток. Почеток на Карпош што повторно дише со народот. Да живее Карпош. Да живее Македонија, напиша Лукровски на својот фејсбук профил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons