МагазинНајново

СКОРО МЕТРО СНЕГ НА ШАПКА И ВО МАВРОВО: Еве каде се зголеми снежната прекривка и што вели прогнозата 

Утрово на повеќе места во Македонија има снежна покривка, особено во повисоките населени места  и секако на Скијачките центри и планините каде истата е значително зголемена. Во повеќето градови, особено во западните предели исто така има снежна покривка, објави метеорологот Славчо Попоски.

„Највисока снежна покривка од Скијачките центри има на Попова Шапка, 58 сантиметри, 55 сантиметри има во Маврово, 15 сантиметри во Тетово и во Крушево, и 10 сантиметри во Гостивар. Најниска температура до 7 часот утрово од градовите е измерена во Тетово, и тоа -1 степен, а највисока во Гевгелија, и тоа 5 степени. Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Гевгелија, и тоа 26 литри на метар квадратен.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени до 7 часот утринава по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР. Да напоменам дека температурите на Скијачките центри и на останатите планини насекаде се под нулата.

Понатаму се очекува понатаможно заладување на времето, повремено со засилен северен ветер (повремено и локално со брзина од над 60 км/час), а ќе има и повремени врнежи претежно од снег, од локален карактер“, вели Попоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons