Синот на Роналдо ќе дебитира за Португалија на турнир во Хрватска
Кристијано џуниор (14) е повикан за младинската фудбалска репрезентација на Португалија до 15 години. За него ова ќе биде прв настап во дресот на националниот тим.
Португалската репрезентација до 15 години учествува на меморијалниот турнир „Влатко Марковиќ“ кој се одржи од 13 до 18 мај во градовите Лудбрег, Чаковец, Коториба и Свети Мартин.
На турнирот ќе учествуваа осум селекции поделени во две групи. Во Група А се Хрватска, Франција, Швајцарија и Романија, а во групата Б се Англија, Португалија, Јапонија и Грција.
Синот на Роналдо во моментов е дел од младинската академија на Ал Наср каде што игра неговиот татко. Претходно Кристијано јуниор беше дел од академиите каде играше Роналдо… Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер Јунајтед.
Ова за него ќе биде прв настап во португалскиот дрес.