АктуелноМагазин

Синоптичарите предупредуваат за опасност од високи температури

Од утре до недела, како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ.

Loading...

– Поради топлиот бран, земјата ќе ја зафати сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени – објави УХМР, пренесува Центарот за управување со кризи. 

Воедно надлежните потенцираат дека според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. 

– Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво – се додава во соопштението од УХМР. 

Loading...

Денеска, согласно податоците на метеоалармот поставен на веб странта на УХМР делови од земјата се во жолта фаза. 

Еве какво ќе биде времето следните денови:

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Hide Buttons