МакедонијаНајново

Синдикалците го пофалија новото покачување на платите во здравството, очекуваат да се подобри здравствениот систем 

Независниот синдикат за здравство го поздравува новото покачување на платите на вработените во Итната медицинска помош, геријатрија, интензивците на Детска клиника, физичари на онкологија, но и фармацевтите во јавното здравство. Од 3.600 до 4.300 ќе биде поголема ноемвриската плата на овој кадар бидејќи работат стресна работа и со најтешки пациенти. Повисок личен доход и изедначени со лекарите ќе бидат и фармацевтите во болниците и клиниките.Според Бојчевски, ова е огромен чекор и доказ дека здравствениот систем се зајакнува и подобрува.

Синдикалците оценуваат дека покрај платите, голем чекор напред е и тоа што до крајот на оваа година околу 1000 вработени во јавното здравство ќе добијат договори на неопределено време.

Ноемвриската плата вработените во здравството ќе ја земат покачена за 10 насто. Синдикатите и Министерството за здравство ставија потпис на анексот на колективниот договор. Во зависност од коефициентот на пресметка зголемена ќе биде од 2.450 до 3.850 денари.

Ново покачување на личниот доход од пет проценти ќе има во март следната година.

Според најавите на Владата, ако се оди според планот за четири години, платите на вработените во здравството ќе се зголемат од 40 до 50 проценти.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons