Силен земјотрес од 4.9 степени почувствуван во Скопје и регионот
Земјотрес со јачина од 4.6 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва, 10 февруари 2026 година, во 22:05 часот по локално време, соопштуваат сеизмолошките служби.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа на координати 42.1173° северна географска ширина и 20.9857° источна географска должина, на околу 12 километри северно од Тетово, односно 23 километри источно-југоисточно од Призрен, Косово.
Земјотресот бил почувствуван во Тетово, Гостивар, Скопје, како и во делови од Косово, а граѓаните пријавуваат краткотрајно, но силно тресење. Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.



