Политика

Се огласи вечерва Груби, по објавите дека избегал од државата кажа каде се наоѓа во моментот

Артан Груби доцна вечерва се огласи преку друштвените мрежи каде напиша дека не е во бегство, туку дека патувањето кон Косово било редовно.

„Почитувани, денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате,“ истакна Груби, додавајќи дека патувал со своите редовни патни исправи и дека за неговото патување е информирано личното полициско обезбедување.

Тој најави дека по завршувањето на обврските, ќе се врати дома кај своето семејство.

Поради корупција минатата недела Груби беше ставен на американската црна листа со што му е забранет влез во САД. А обвинителството во средата соопшти дека е отворен предмет и во Македонија.

Линк од објавата на фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons