Се зголемува цената на нафтените деривати – ова е новата цена од вечерва
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на одлуката од 18 декември 2023 година.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Од 23.12.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 денари/литар, моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50, дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00, масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 и Мазут М-1 НС 41,937 денари/килограм. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,017 ден/кг и сега ќе изнесува 41,937 ден/кг.
Од Регулаторната комисија информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,559%, кај дизелот за 5,356%, кај екстра лесното масло за 5,376% и кај мазутот зголемувањето е за 4,742%.