Актуелно

Се бара поскапување на парно греењето  

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, во разговор за Блумберг Адрија вели дека компаниите на ЕСМ кои бараат поскапување на цената на парно греењето тоа го правдаат со поскапените материјали и опрема за работа на глобално ниво.

ЕСМ Дистрибуција до РКЕ од август ќе бара повисока цена за 50 отсто, ЕСМ Снабдување поскапување за 54,2 проценти, а ЕСМ Производство намалување за 29,42 отсто.

– Факт е дека има одредени трошоци во однос на материјалите, во однос на опремата, што се должи пред се на глобалното зголемување на цените не само во Македонија, туку насекаде низ Европа. Во овој момент ги разгледуваме барањата, а дополнително она што влијае на зголемувањето нацената е тоа што сега треба да ги признаеме оние трошоци за природен гас од јануари 2022, рече Бислимовски.

Тој додаде дека комисијата ќе бара решение да нема ценовен шок за топлинската енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons