Седум луѓе загинаа при уривање на воен авион во Венецуела
Авионот „Цесна Ц-208Б“ се урнал 14 километри источно од аеродромот што го опслужува Пуерто Ајакучо, главниот град на јужната држава Амазонас.
Меѓу патниците имало и припадници на домородната заедница Јаномами. Авионот извршувал мисија за пренос на персонал од заедницата до градот Парима Б, во близина на границата со Бразил.
Владата ја потврди смртта на копилотот и уште шест луѓе, додека пилотот бил меѓу преживеаните. Властите започнаа истрага за причините за несреќата.
Авионот припаѓал на воздухопловна единица специјализирана за поддршка на домородните заедници. Ист тип на авион од истата единица се урна и во ноември 2022 година за време на тренинг лет, кога загинаа пет офицери.