МакедонијаНајново

Седум дена рок или блокада на цела држава: Вработените во УЈП со ултиматум 

Ако не добијат покачување за 30 отсто, од 27 јуни, вработените во Управата за јавни приходи стартуваат со генерален штрајк.

Васе Неденовски, претседател на синдикатот, посочи дека со ваквиот чекор, цела држава ќе биде блокирана. Ова ќе значи дека за седум дена, ако вработените во УЈП не добијат покачени плати, тие нема да работат.

Синдикалната организација „Солидарност“ при Управата за јавни приходи од 15 јуни секојдневно во знак на протест ја прекинуваат работата во периодот од 10 до 12 часот.

Тие бараат повисоки плати за 30 проценти.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons