Севиља и Виљареал заинтересирани за Столе Димитриевски
Димитриевски оваа сезона бранеше на 13 натпревари во Примера. Прими 17 гола и шест пати ја зачува мрежата чиста.
Голманот на Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски е на списокот на интереси на Севиља и Виљареал, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.
Според Романо, двата клуба сакаат да го ангажираат како слободен играч македонскиот репрезентативен голман. Актуелниот договор на 29-годишниот Димитриевски со Рајо Ваљекано истекува летото 2024 година.
Димитриевски оваа сезона бранеше на 13 натпревари во Примера. Прими 17 гола и шест пати ја зачува мрежата чиста.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Димитриевски на четири милиони евра. (МИА)