Светски мајстори во реален Аикидо, Џудо и Карате доаѓаат во Македонија – пријавете се за меѓународниот семинар
Од двата семинари ќе се подготви видео репортажа, која ќе се емитува после документарниот филм.
По повод одбележувањето на 50 годишнината од тренерската работа на тренерот Ѓуро Илиќ Аикидо клубот „ПЕЛИСТЕР“ и Будо Центарот „ПЕЛИСТЕР“ организираат голем меѓународен Будо семинар.
На семинарот ќе учествуваат бројни светски мајстори во реален Аикидо, Џудо и Карате во повеќе стилови како: Аикидо, Будо, и Џиу Џицу.
На семинарот ќе земат учество мајстори од Јапонија, Соединетите Американски држави, Европа, Турција и од Балканот (Србија,Црна Гора, Бугарија и Македонија и други).
Семинарската такса изнесува 15 евра. Потврда за учество да се достави најдоцна до 5 ти октомври 2025 година.
ПРОГРАМА НА СЕМИНАРОТ:
16.10.2025……….19:00 час …..ТРЕНИНГ
17.10.2025……….12:00 час …..ТРЕНИНГ
Од двата семинари ќе се подготви видео репортажа, која ќе се емитува после документарниот филм.
17.10.2025……….19:00 час….. ПРОМОЦИЈА НА ДОКУМЕНТАРНИОТ ФИЛМ „Ѓуро Илиќ… ДА СЕ БИДЕ ПОДОБАР ОД ВЧЕРА“