Само три лица се вакцинирале со прва доза против ковид-19, пет болни починале
Во извештајот за ноември на Институтот за јавно здравје се вели дека со лабораториски тест се потврдени 229 случаи на ковид-19, а 5 лица починале. Во текот на месецот, само пет лица примиле вакцина против коронавирусот, од нив тројца се вакцинирале за прв пат, додека две лица примиле четврта доза. Во извештајот е нотирано дека во пораст се овчите сипаници, регистрирани се 617 случаи на оваа болест, а е пријавен и еден смртен случај од сида.
бјавено на
21.12.2023 – 10:35
Сподели
Д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести и нејзин портапрол во изјава за МКД.мк пред два дена рече дека на располагање се 50 илјади дози вакцини на производителот Фајзер и препорача да се вакцинираат особено лицата над 60 години. Тој нагласи дека вакцината е најдобрата заштита и дека може и заедно да се примат вакцини против ковид и против грипот.
Институтот за јавно здравје бележи дека од почетокот на пандемијата во Македонија се потврдени 9.964 смртни случаи како последица од ковид-19, а заведено е дека 350.110 лица биле позитивни на вирусот.
Што се однесува до грипот, Институтот за јавно здравство има неделни податоци, последните се за периодот од 4 до 10 декември кога се пријавени 87 нови случаи на грип или заболувања слични на грипот, што е пораст за 40,3 отсто зголемување во однос на претходната недела.
Во текот на ноември, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 617 пријавени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 60,8%, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 61,1%. Во однос на октомври, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 26,2%.
Минатиот месец е потверден еден нов случај на сида, како и еден смртен случај од оваа болест. Според статистиката на Институтот, 506 лица во моментов живеат со оваа болест. Откако е позната оваа болест и откако во 1987 година е влезена во Македонија, од сида починале 126 лица.
mkd.mk