Магазин

Само оние со остар вид можат да го забележат кученцето скриено во снегот: Дали сте меѓу нив? 

На Reddit се појави отографија која на прв поглед изгледа како обична глетка на снег кој ја покрива мирната шума.

Но, под површината на овој идиличен зимски пејзаж се крие вистинска мала мистерија. Помеѓу белите гранки и снегулките, со внимателно око можете да забележите палаво кученце кое решило да ужива во прошетката низ шумата. Иако на прв поглед е речиси невидливо, кучето успешно се вклопува со околината.

Предизвикот брзо заинтригира многу корисници. Додека некои беа фрустрирани и тврдеа дека едноставно не можат да го најдат, други се одлучија за тактиката внимателно да ги следат трагите што кучето ги оставило во снегот, што на крајот им помогна да го откријат по неколку минути истражување.

Трети, пак, немаа никакви проблеми – лесно го забележаа овој палав миленик.

Обидете се и вие да го пронајдете.

Кученцето се крие во шумата од десната страна на фотографијата. Неговото присуство совршено се вклопува во околниот пејзаж, поради што е речиси невозможно да се забележи на прв поглед.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons