„Сакав да се стоплам, не подметнувам пожар” – бездомник палел оган на Галичица
На 16.08.2024 во 11.15 часот во Полициската станица Ресен, одговорно лице во Национален Парк „Галичица“ пријавило дека на место викано „Асан Џура“ затекнало лице кое запалило оган на отворен простор, кој веднаш бил изгаснат од вработени на националниот парк.

Полициски службеници од Полициската станица Ресен излегле на местото и било констатирано дека се работи за А.И.(74) од Охрид, кој е бездомник и кој изјавил дека ноќта ја поминал на местото каде што запалил оган за да се стопли без намера за подметнување на пожар.
Констатирано е дека лицето сторило прекршок по член 53 од Законот за шуми.