РКЕ: Ново поскапување на горивата од полноќ
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, како и на еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар по литар, соопшти Регулатрорната комсија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Новата цена на еуросупер БС – 95 ќе биде 81,5 денари, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 83,5, екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 69 денари за литар, а еуродизел БС (Д-Е V) и натаму ќе чини 70,5 денари за литар.
Мазутот М-1 НС ќе се продава по 40,5 денари за килограм.
Новите цени стапуваат на сила ноќеска на полноќ.