Актуелно

РКЕ ги објави коефициентите и конечните цени за поскапувањето на струјата, фирмите и домаќинствата што трошат многу ќе плаќаат изгор скапо 

Регулаторната комисија за енергетика во рамките на денешната подготвителна седница на која се одлучува за тоа колку ќе поскапи електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар, на својата веб-страница ја објави и одлуката за одобрување на цената на ЕВН Хоме според блокови и коефициенти на поскапување во рамки на новиот тарифен систем.

Според објавените табели, домаќинствата кои трошат до 210 киловатчасови нема да видат којзнае колкаво финансиско олеснување во однос на вториот блок. Тие ќе плаќаат само 0,1 отсто поевтино, а цената за нив ќе биде 4,35 денари од киловатчас. Во вториот блок кај домаќинствата кои трошат од 211 до 630 киловатчасови, основната цена се множи со коефициент од 1.07 отсто, а цената што ја бара ЕВН Хоме е 4,7 денари по киловатчас потрошена струја. Третиот блок ќе плаќа за 20 отсто поскапо и цена од 5,27 денари по киловатчас за се што е над 631 киловати, па до 1.050 киловати. Енормно е поскапувањето за домаќинствата кои трошат над 1.050 киловатчасови. Тие ќе плаќаат по 14 денари за киловатчас и за нив поскапувањето е за 320 проценти. Ниската тарифа, односно евтината струја, останува по иста цена за сите од 0,62 денари по киловатчас.

Кај малите потрошувачи, односно кај фирмите и другите субјекти кои остануваат на регулираниот пазар, периодот на висока тарифа ќе се плаќа енормно високо од 13,9 денари по киловатчас од 1 јули, односно за 314 отсто поскапо.. Скап ќе биде и периодот на ниска тарифа, ќе се плаќа по 10,11 денари по киловатчас и ќе биде повисоко за 230 проценти.

Во моментов РКЕ ја носи одлуката за конечната цена за електрична енергија од 1 јули за регулираниот пазар, а треба да ја објави околу 14.00 часот. Дефинитивната цена ќе биде посната откако ќе се вкалкулираат одобрувањата на тарифите на ЕВН Хоме, АД ЕСМ, АД МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons