Републичкиот обвинител Коцевски поднесе неотповиклива оставка!
Републичкиот обвинител Љуочо Коцевски поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Одлуката самиот тој ја соопшти на прес конференција во Обвинителството, а во писмена форма одлуката веќе ја испратил до надлежните институции.
Инаку, денеска е закажана собраниска седница на која како точка на дневен ред е предлогот на Владата за негово разрешување.
Одлуката за покренување на постапка за негово разрешување беше донесена на владина седница на 9-ти декември. Портпаролката на Владата во образложението на одлуката потенцираше дека таа се носи поради неколку клучни точки.
-Врз основа на членот 88 став 1 од Законот за јавното обвинителство, а по претходно добиено мислење од страна на Советот за јавни обвинители му предлага на Собранието од функцијата јавен обвинител на Република Македонија да го разреши Љупчо Коцевски, поради направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на Јавното обвинителство. Неовластено изнесување на информации, податоци за судски предмети со што ја поврдил обврската за заштита на тајноста на постапката согласно закон. Нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед.
Не постапувајќи согласно обврските што се предвидено со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласно со Уставот, изјави тогаш Митева.



