НајновоСвет

Републиканците блиску до победа во Претставничкиот дом

Проекциите на американските медиуми покажуваат дека републиканците имаат значајна предност во битката за Претставничкиот дом, додека понеизвесна е трката за Сенатот.

Републиканците би можеле да ги победат демократите на меѓуизборите за Претставничкиот дом на САД, што станува сѐ поверојатно како што доаѓаат резултатите.

По полноќ по источното време во САД, републиканците имаа предност пред демократите со 190 до 167 места, со 218 од 435 потребни за мнозинство.

Трката за Сенатот е неизвесна – во моментов е 46-47, за републиканците.

Тие резултати се менуваат од минута во минута, но републиканците се во водство од самиот почеток.

Досега, Претставничкиот дом беше мнозински демократски, тие имаа 222 претставници, во однос на 213 републиканци.

Сепак, и пред изборите, анкетите укажуваа на веројатен пораз на демократите во битката за Долниот дом.

„Промени“ во Флорида, Џорџија и Вирџинија

Притоа републиканците презедоа три места што претходно ги имаа демократите, објави Едисон Рисрч.

Што се однесува до изборите за Сенатот, кои се понеизвесни, неколку републикански сенатори беа лесно реизбрани.

Досега демократите успеаја да освојат две места што претходно ги имаа републиканците, додека републиканците освоија дури седум што претходно ги имаа демократите.

Републиканците ги „одзедоа“ местата во Претставничкиот дом во Флорида, Џорџија и Вирџинија.

Сепак, досегашните првични резултати не ја нарушуваат рамнотежата на силите во Сенатот, кој е 50-50 и моментално е под контрола на демократите, поради дополнителното гласање на потпретседателката на САД, Камала Харис.

Во вторникот на меѓуизборите се избираа 35 сенатори и борбата е многу неизвесна; тие места сега ги имаат 21 републиканец и 14 демократи.

Во борбата за Сенатот во Пенсилванија, демократот Џон Фетерман извојува значајна победа над републиканецот, познатиот доктор и ТВ ѕвезда Мехмет Оз.

Најважната трка за Сенатот во таа држава е наклонета кон демократите, тврди Си-би-ес, што значи дека демократскиот кандидат моментално има благо водство пред својот противкандидат, но тоа може многу лесно да се промени како што пребројувањето на гласовите продолжува.

Интересен пораз се случи во Вирџинија, каде што според проекциите на Си-ен-ен, Елејн Лурија, членка на комисијата што ги истражува смртоносните немири во Капитол на 6 јануари 2021 година, го загуби своето место во Претставничкиот дом.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons