МакедонијаНајново

Расте водостојот на Преспанското Езеро, ама е понизок од просечниот во април

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.

Согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Преспанското Езеро е за 1,69 метри понизок од просечниот за април и е на 19 сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Нивото, пак, на Охридското Езеро е исто со просечното, додека кај Дојранското Езеро е за 2,76 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

И водостоите на повеќето реки во земјава се пониски од просечните и најчесто бележат благо намалување на нивото во споредба со вчера. Најголемо намалување на водостојот во однос на вчерашниот има реката Вардар на мерното место кај Велес каде намалувањето е за цели 30 сантиметри. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons