Работата од 9 до 17 часот полека, но сигурно убива
Резултатите од едно истражување покажале дека работното време од 9 до 17 часот може да биде кобно за вработените.
Истражувањето е спроведено на Универзитетот „Кембриџ“ и покажало дека една од шест предвремени смртни случаи е врзана за стрес, срцев удар, дијабетес 2 или рак кои се поврзани со целодневно седење во канцеларија.
Тоа се случува поради преголемата количина стрес, но и недоволното движење.
Затоа е многу важно што повеќе да се шетаме и да вежбаме, барем неколку пати во неделата, но и да ги смениме навиките за да направиме нешто корисно за своето тело.
Па така, потребно е почесто да стануваме од столица и да протегнуваме, наместо лифт да ги користиме скалите.