АктуелноМагазин

Психолозите алармираат за агресивното однесување на младите

Агресивното однесување и насилствата се поприсутни кај младите. Психолозите алармираат дека ваквата состојба е загрижувачка, социјалните мрежи кои даваат искривена состојба, видео игрите со насилни содржини влијаат врз однесувањето на младите.

Новата генерација, се карактеризира со помала концентрација на внимание, тие сакаат дигитални, визуелни, поедноставни содржини и начинот на кој го восприемаат светот е различен од она што било пред 20 години.

Многу е важно младите да знаат што читаат и гледаат и да се консултираат со стручни лица.

Добрите познавачи сметаат дека како резултат на слобостите во воспитувањето на децата и падот на основните човекови вредности, агресијата кај децата и воопшто кај младите расте. Eден од начините да се превенира насилното однесување е континуирана соработка на образовните институции со родителите. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons