Македонија

Пробив под метрополата: почнува првата подземна сообраќајница во Скопје

Скопје влегува во нова фаза на урбан развој: главниот град ќе ја добие својата прва подземна сообраќајница, која ќе се протега од под „Лимак“ до влезот во Кисела Вода. Проектот, најавен од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, има за цел да го растовари централното градско подрачје и да воведе современи сообраќајни решенија по европски стандарди.

„По завршувањето на правната постапка веднаш започнуваме со работа. Ова е капитална инвестиција што ќе донесе суштински пресврт во урбаното живеење и значително ќе го намали сообраќајниот метеж во центарот“, изјави Ѓорѓиевски.

Новата подземна сообраќајница ќе биде уредена со шест ленти – четири за двосмерен автомобилски сообраќај и две наменети за јавен превоз – како и безбедносни пешачки патеки.

Паралелно, ќе се градат и нови кружни текови кај „Нова Македонија“, булевар „Кочо Рацин“ и улицата „Железничка“, со цел подобрување на протокот и модернизирање на сообраќајната мрежа.

„Со овој проект, Скопје конечно ќе го добие своето прво подземно сообраќајно решение. Центарот ќе се растерети од гужвите и ќе стане покомфорен, побезбеден и поуреден за граѓаните“, додаде градоначалникот, истакнувајќи дека оваа инвестиција ја симболизира „новата ера“ и почетокот на трансформацијата на градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons