Актуелно

Приведени тројца пијани возачи на подрачје на СВР Штип: Најмладиот има 18 години и 1,62 промили алкохол 

Лицата биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Полицијата вчера на територија на СВР Штип, поточно во градовите Делчево, Штип и Македонска Каменица приведе три лица кои управувале возила под дејство на алкохол.

На 20.04 2025 во 20.40 часот на улица „Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.О.(50) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал С.О. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,99 промили алкохол во крвта.

На 21.04.2025 во 02.45 часот на булевар „Македонија“ во Делчево, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(18) од Делчево. При контрола во патниот сообраќај и по преземени мерки било констатирано дека дека е под дејство на алкохол, односно дека управувал патничко возило „сеат“ со делчевски регистарски ознаки со 1,62 промили алкохол во крвта.

Додека, на 20.04.2025 во 23.20 часот на ул.„Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници го лишиле од слобода Д.В.(34) од Македонска Каменица затоа што при сообраќајна контрола било констатирано дека управувал патничко возило „форд фиеста“ со регистарски ознаки на Македонска каменица со 1,53 промили алкохол во крвта.

Лицата биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons