Приведени се 10 лица за случајот со запленетата марихуана во Србија
Ќе биде поднесена кривична пријава против 10 лица кои биле поврзани со произведената дрога марихуана која беше запленета во Србија, изјави синоќа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за ТВ21.
„Во текот на денешниот ден ќе се поднесат кривични пријави до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, која опфаќа 10 лица, од кои двајца се веќе во притвор, а овие 10 лица се директно или индиректно поврзани со произведената дрога“, рече Тошковски.
Вчера попладнето лицата се изведени пред судија на претходна постапка и за дел од нив е определена мерка притвор. Тие се осомничени дека учествувале во транспортот на марихуаната од Македонија за Србија.
„Имаме основани сомненија дека тие лица се поврзани со транспортот на дрогата, која беше запленета во Србија“, рече министерот.



