Предупредувачки прекин на работата во Пошта – ако деновиве нема плата за септември, ќе има протест пред Влада на 29 октомври
Вработените во сите подружници на Пошта од денеска почнаа со предупредувачки прекин на работата, за време на паузата. Бараат платата за септември да им се исплати, доколку тоа не се случи деновиве, на 29 октомври излегуваат на протест пред Владата. Посочуваат дека со ненавремената исплата на платата во време на криза е загрозена егзистенцијата на нивните семејства.
Синдикатот на АД Пошта најави дека предупредувачките протести за време на паузите ќе продолжат и наредните денови. Подолго време вработените во оваа институција се жалат дека немаат униформи, лоши услови за работа и на ненавремена исплата на плата. Посочуваат дека недостасуваат шалтерски работници, но и поштари, сметаат дека не се потребни вработување низ администрацијата. Синдикатот во март најави протест, но веднаш беше ставен во мирување, бидејќи им беше исполнето барањето за линеарно покачување на платата.