Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
Пред три дена на Клиниката за Инфективни болести починала 75 годишна жена кај која потврдиле грип од типот А, имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против сезонскиот вирус.
Лекарите од Инфективна велат дека повозрасните кои имаат и други хронични заболувања се најмногу на удар на грипот, особено оние кои не примиле вакцина.
Тоа го потвдува и состојбата на клиниката каде со грип имаат хоспитализирано 25 пациенти од кои повеќе се од повозрасната популација. Дел од нив не биле вакцинирани против грип и вурусот предизвикал компликации поради кои било неопходно болничко лекување. Двајца пациенти се на респиратор а неколкумина на кислородна поддршка.
Инфектолозите пикот го очекуваат на крајот на месецот.



